Прејди на содржината

Waze

Од Википедија — слободната енциклопедија
Waze
ПрограмериWaze Mobile (Google)
Првично издание2008
Стабилно издание4.92 (iOS) / 4.0.0.2 (Android) / 2023
Развојна состојбаактивна
Прог. јазикC++, Java, Swift
Опер. системAndroid, iOS, BlackBerry OS, Symbian OS, Windows Mobile
Јазициповеќејазичен (вклучувајќи македонски)
ВидGPS-навигација, социјална мрежа
ЛиценцаGNU GPL v2 (програмска опрема)
сопственичка (карти)
Мреж. местоwaze.com

Waze Mobile Ltd — бесплатна социјална апликација за навигација на мобилни уреди, која овозможува следење на состојбата на патиштата во вистинско време, планирање на оптимални маршрути, информирање за местоположбата на радари за брзина, добивање информации и предупредување на другите корисници за промени во условите на патот, препреки, полиција, како и комуникација со другите корисници на картата. Картите во Waze ги создаваат самите корисници.

Waze е создаден во Израел. Во јуни 2013 г., Google го купил Waze за 1,1 милијарда долари.[1]

Програмата била развивана за следните мобилни платформи: Windows Phone, iOS, Android, Windows Mobile, Symbian и BlackBerry. Во моментов се поддржани само Android и iOS.[2]

Компанијата е основана во Израел во 2008 г. од страна на Ури Левин, софтверскиот инженер Ехуд Шабтаи и Амир Шејнар. Првичното име на компанијата било Linqmap.

До декември 2011 г., во неа работеле 80 души, од кои 70 во Ранана (Израел) и 10 во Пало Алто (Калифорнија).[3][4][5][6]

Waze во Македонија

[уреди | уреди извор]

Во Македонија, апликацијата забележала значителен пораст на популарноста на почетокот на 2026 г. Ова е непосредно поврзано со целосното ставање во функција на системот „Безбеден град“ од страна на МВР, кој користи камери со вештачка интелигенција за автоматско казнување на сообраќајни прекршоци. Корисниците на Waze во Македонија го користат системот за меѓусебно известување за местоположбите на паметните камери, со цел избегнување на високи парични казни.[7]

  1. „Waze | CrunchBase Profile“. Архивирано од изворникот на 2014-10-18. Посетено на 2013-08-02.
  2. „Маршруты, информация о пробках и совместные поездки Carpool от Waze“. www.waze.com (руски). Архивирано од изворникот 2023-08-10. Посетено на 2023-08-10.
  3. Blum, Brian (2011-12-19). „Waze steers you clear of traffic“. Israel21c. Архивирано од изворникот на 2012-02-26. Посетено на 2012-03-22.
  4. Hoge, Patrick (2011-10-18). „Waze raises $30 million“. San Francisco Business Times. Архивирано од изворникот на 2013-05-20. Посетено на 2012-03-22.
  5. „Company Overview of Waze Ltd“. Bloomberg Businessweek. Архивирано од изворникот на 2012-08-19. Посетено на 2012-08-04.
  6. Singh, Sukasha (2012-03-16). „Social network paves the Waze“. TechCentral. Mail & Guardian. Архивирано од изворникот на 2013-12-14. Посетено на 2012-03-22.
  7. „„Waze" ги детектира новите камери во Скопје: Огромен интерес за апликацијата меѓу возачите - ПУБЛИКУМ“. www.publikum.mk. 2025-12-02. Архивирано од изворникот на 2026-04-26. Посетено на 2026-04-26.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]